Што е подобро од темното чокoладо? Одговорот е едноставен: топлото чоколадо. Уште во времето на Ацтеките луѓето сакале да се разгалуваат себе си со топли слатки напивки како што е топлото чоколадо, неговата примена во Европа дошла преку Мексико каде за кратко време станало многу популарно, а се чини не случајно неговата распространетост и обожување не стивнува и до денес.

Но, колку и едноставно да звучи неговата подготовка е важна за да се добие посакуваната густина, текстура и вкус. Во потрга по вистинското топло чоколадо скроено по мерка на боговите дојдовме до традиционалниот рецепт на италијанскиот бренд Тонино Ламборџини кој користи специфично и високо квалитетно какао. Оваа совршено избалансирана напивка ќе ги разгори вашите сетила во ладните зимски денови, а вкусот ќе остане запомнет и ќе посакате повторно да го почувствувате.

Спакувано во елегантна метална кутија која совршено ја чува неговата свежина и квалитет Тонино Ламборџини топлото чоколадо се состои од 8 различни вкусови, перфектно избалансирани за да ги задоволат и најпребирливите гурмани. Неговата подготовка е едноставна : 25-30 грама чоколаден прав со 120 грама млеко . Доколку сакате погуста структура тогаш додадете помалце млеко или пак ако сте расположени за полесна слатка напивка направете го поретко со повеќе млеко, изборот е ваш.

Ова луксузно слатко доживување доаѓа во пакувања од 500 грама и 1кг. За повеќе информации посетете ја официјалната веб страница: http://www.aegroup.mk/; https://www.facebook.com/aegroup.mk/

Извор:

https://www.crnobelo.com/novosti/domasni/46937-vo-potraga-po-sovrsenoto-toplo-cokolado

17April
2018
  • 2,500
  • 0

Add Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Биди известен

за нови производи и информации